Тековните услуги кои ги нуди ЕК Импакт се:
1. Помош при пишување домашни задачи за ученици од одделенска настава;
Оваа услуга се однесува на деца, ученици од одделенска настава (1 – 5 одделение основно образование). Ангажираните наставници / едукатори им помагаат на учениците при пишување на домашни задачи по сите предмети од одделенска настава за кои имаат потреба.
2. Поддршка при описменување (читање и пишување) на ученици од одделенска настава;
Оваа услуга се однесува за деца, ученици од одделенска настава (1 – 3 одделение основно образование и е како надополнување на редовната наставна програма т.е. тековните часови за време на кои децата учат да пишуваат и читаат
3. Дополнителни часови за ученици од основно и средно образование согласно нивните потреби;
Оваа услуга се однесува за ученици од основно и средно образование и ја следи редовната наставна програма. Дополнителните часови се организираат по сите предмети, согласно потребите на учениците.
Дополнителните часови може да се побараат инцидентно, но сепак се препорачува да има континуитет (најмалку еднаш во текот на една седмица) во нивното одржување заради подобро совладување на материјата.
4. Подготовка за писмени, тестови, контролни задачи за ученици од основно и средно образование согласно нивните потреби
Оваа услуга се однесува за ученици од основно и средно образование и ја следи редовната наставна програма. Часовите за подготовка на писмени, тестови, контролни задачи се организираат по сите предмети, согласно потребите на учениците.
Важно: Сите услуги кои ги нуди ЕК Импакт ја следат официјалната национална програма, одобрена од Министерството за образование на наука на РСМ. Во моментот ЕК Импакт не развива нови наставни програми за учениси од основно и средно образование.