За нас

Едукативен Клуб Импакт е социјално претпријатие кое е во сопственост на Здружение на професионалци консултанти „Подготвеност за Европа“ и е формирано во април 2022 година.

Визијата на ЕК Импакт е создавање на општество со еднакви можности за сите и е во корелација во визијата на здружението, основач –  Подготвеност за Европа. Таа се заснова на универзалните принципи на граѓанско општество и партиципативна демократија, владеење на правото, урамнотежен и одржлив социо-економски развој, ненасилство, почитување и меѓусебна зависност и културна разновисност.

Нашата мисија е насочена кон интеграција и социјална инклузија  на ранливите групи на лица (повозрасни лица, невработени, лица со ниски примања итн.) во општествениот живот преку овозможување на работен ангажман во образовниот процес на децата.

Користејќи претприемачки принципи Едукативниот Клуб Импакт како социјално претпријатие, ќе се стреми да ѝ служи на заедницата, а не на максимизирање на профитот. Остварениот профит во најголем дел ќе се реинвестира за постигнување на социјалните цели заради кои и постои односно за конкретни општествени промени – промовирање на инклузивен и одржлив економски раст, вработување, пристојна работа за сите, промовирање инклузивно и еднакво квалитетно образование. Истовремено нашето социјално претпријатие ќе нуди иновативни приоди за одржлив и рамномерен развој.