Штом ќе отворите кориснички профил и ќе уплатите средства за одбраниот пакет услуги, имате можност за закажување на час кај одбраниот едукатор за бараниот предмет и термин.
За илустрација:
Го одбирате едукаторот Петар Петровски и ви се отвара следниов прозорец
Тука може да видите кои од термините кај одбраниот едукатор се слободни, а кои се веќе закажани (обоени во сиво).
За да закажете час во посакуваниот термин, најпрво е потребно да одберете предмет од паѓачкото мени
Штом ќе одберете предмет, кликате на посакуваниот слободен термин и ќе ви отвори нов прозорец
Полето контакт е-маил автоматски е пополнето со маилот со којшто се имате регизтрирано за отворање на кориснички профил. Сепак, во овој момент имате можност да вметнете друга е-маил адреса (пример на вашето дете), преку која едукаторот дополнително ќе испрати линк за одржување на онлајн час.
Во полето подолу напишете информации за темата на која очекувате да се одвива часот и одделението на детето. Како пример: англиски за петто одделение, тема present perfect. Исто така, доколку е избран онлајн час, овде напишете ја платформата преку која сакате да се одвива часот (MS Teams, ZOOM или друга платформа со која работи одбраниот едукатор).
Имате и можност за прикачување на прилог (слика, документ во word или pdf) со конкретните задачи / теми за закажаниот час.
На крај притиснете на синото поле „Потврди резервација“
Откако имате креирано кориснички профил и се имате најавено во системот можете да купите еден од понудените пакет услуги.
Во моментот кога ќе се решите за одреден пакет притиснете на полето „во кошничка“ и системот автоматски ќе ве однесе во вашата кошничка. Тука имате преглед на одбраниот пакет и на вкупната сума за уплата.
Во исто време во горниот десен агол ќе биде видлива промената (како на сликичката)
Доколку сакате да додадете друг пакет услуги, притиснете на копчето во горниот десен агол „Да продолжите со купување“. Доколку пак сакате да додадете повеќе количини од веќе одбраниот пакет, тогаш кликате на бројот во колоната „количина“, одбирате колку сакате и прискате на копчето „Ажурирај кошничка“.
За да продолжите кон купување, притиснете на синото копче „Наплата“ во долниот десен агол
Ќе ви се отвори нов прозорец каде што ќе треба да внесете ваши податоци потребни да се изврши плаќањето. За да можете да ја потврдите нарачката потребно е да ги пополните полињата кои се означени со *. Автоматски се одбира опцијата Cpay Payment Gateway по што треба да кликнете на синото копче во десниот долен агол
На тој начин вие имате извршено уплата на средства за пакетот услуги за којшто сте се решиле. При тоа ќе добиете повратна порака дека вашата нарачка е примена со детали околу нарачката. Истата порака ќе пристигне и во вашето е-сандаче на адресата со која се имате регистрирано во системот.
По извршената уплата, на вашиот кориснички профил, во горниот десен агол ќе забележите ново поле насловено како „кредити“ . Во ова поле ќе бидат внесени бројот на часови (кредити) кои ги имате купено. За илустрација - ако го имате купено Пакет 1 од понудените услуги, тогаш бројот на кредити т.е. часови ќе биде 1. Ако го купите Пакет 2, тогаш бројот на кредити т.е. часови ќе биде 6 итн.
Со притискање на истото поле добивате увид во состојбата на уплатените средства т.е. на уплатените и искоритените кредити (часови) кои ќе може да ги пребарувате по категорија „Уплатен кредит“ и „Користење на кредит“
За да ги прегледате услугите, слободните термини и предметите за кои едукаторите нудат часови, не е потребно да отворите кориснички профил.
Кориснички профил потребно е да отворите во моментот кога ќе сакате да уплатите / купите некој од понудените пакет услуги.
Тековните услуги кои ги нуди ЕК Импакт се:
1. Помош при пишување домашни задачи за ученици од одделенска настава;
Оваа услуга се однесува на деца, ученици од одделенска настава (1 – 5 одделение основно образование). Ангажираните наставници / едукатори им помагаат на учениците при пишување на домашни задачи по сите предмети од одделенска настава за кои имаат потреба.
2. Поддршка при описменување (читање и пишување) на ученици од одделенска настава;
Оваа услуга се однесува за деца, ученици од одделенска настава (1 – 3 одделение основно образование и е како надополнување на редовната наставна програма т.е. тековните часови за време на кои децата учат да пишуваат и читаат
3. Дополнителни часови за ученици од основно и средно образование согласно нивните потреби;
Оваа услуга се однесува за ученици од основно и средно образование и ја следи редовната наставна програма. Дополнителните часови се организираат по сите предмети, согласно потребите на учениците.
Дополнителните часови може да се побараат инцидентно, но сепак се препорачува да има континуитет (најмалку еднаш во текот на една седмица) во нивното одржување заради подобро совладување на материјата.
4. Подготовка за писмени, тестови, контролни задачи за ученици од основно и средно образование согласно нивните потреби
Оваа услуга се однесува за ученици од основно и средно образование и ја следи редовната наставна програма. Часовите за подготовка на писмени, тестови, контролни задачи се организираат по сите предмети, согласно потребите на учениците.
Важно: Сите услуги кои ги нуди ЕК Импакт ја следат официјалната национална програма, одобрена од Министерството за образование на наука на РСМ. Во моментот ЕК Импакт не развива нови наставни програми за учениси од основно и средно образование.
За закажување на посакуваниот час, потребно е:
Онлајн часовите ќе се одвиваат преку достапни дигитални алатки (пр. ZOOM, MS Teams, Google Classroom и др.) за ученици од територијата на цела држава. Согласно достапноста на едукаторите и потребата на учениците, онлајн часовите може да се спроведуваат секој ден од неделата во термини од 8.00 до 20.00 часот.
На страницата „Едукатори“ можете да видите со која од дигиталните алтки едукаторите се во можност да одржуваат онлајн часови.
При резервирање на час, ќе имате можност да комуницирате со едукаторот преку која од понудените дигитални алатки сакате да се одржи онлајн часот.
Полето контакт е-маил автоматски е пополнето со маилот со којшто се имате регизтрирано за отворање на кориснички профил. Сепак, во овој момент имате можност да вметнете друга е-маил адреса (пример на вашето дете), преку која едукаторот дополнително ќе испрати линк за одржување на онлајн час.
Во празното поле подолу напишете информации за темата на која очекувате да се одвива часот, како и за една од понудените дигиталнати алатки преку која да се одржи часот.
Услугите кои ги нуди ЕК Импак може да се организираат онлајн или со физичко присуство.
Кај секој од едукаторите е видлива можноста за организирање на час со физичко присуство и / или онлајн со понудени дигитални платформи за организирање на онлајн час.
По уплаќањето на средствата, а при закажување на час кај одбран едукатор, предмет и термин, се отвора прозорец на којшто имате можност да одберете дали сакате часот да биде организиран онлајн или со физичко присуство, како примерот подолу.
Да, има можност за откажување на веќе закажан час, но тоа е потребно да се направи најдоцна 24 часа пред почетокот на закажаниот термин.
Штом ќе закажете час кај одбраниот едукатор за одбраниот предмет и термин, ќе ви се отвори нов прозорец со повратна порака дека вашата нарачка е примена (како во примерот)
а тоа ќе биде видливо и на вашиот кориснички профил во листата на трансакции.
За да откажете закажан термин, појдете на вашиот кориснички профил во преглед на трансакции.
Часовите со физичко присуство ќе се одвиваат во просториите на ЕК Импакт кои се наоќаат во Скопје, со адреса на булевар „Свети Климент Охридски“ број 24, влез 2, стан 1.
За закажување на час со физичко присуство, откако ќе одберете едукатор, предмет и термин, потребно е да кликнете на полето физичко. По кликнувањето, полето од сиво ќе се обои во плаво.
Следен чекор е да кликнете потврди резервација, по што ќе ви пристигне порака на вашата е-маил адреса дека имате поднесено барање за термин за час со физичко присуство и известување „За кратко ќе добиете нов маил со потврда за реализација на бараните термини“.
Во исто време и тимот на ЕК Импакт го добива барањето за резервирање термин за час со физичко присуство и откако ќе изврши проверка за расположливоста на просторот, ќе го потврди барањето и вам ќе ви стигне уште една порака на вашата е-маил адреса.
ЕК Импакт нуди поволни можности за уплата на повеќе часови во вид на пакети.
Пакет 1 - се однесува на уплата на еден час и изнесува 700 денари за онлајн реализација
Пакет 2 - се однесува на уплата на вкупно 6 часови по цена од 3.700 денари за онлајн реализација.
Пакет 3 - се однесува на уплата на вкупно 13 часови по цена од 8.500 денари за онлајн реализација.
Пакет 4 - се однесува на уплата на вкупно 13 часови по цена од 10.000 денари за реализација со физичко присуство во просториите на ЕК Импакт.
Доколку сакате да купите некој од пакет услугите што ги нуди ЕК Импакт и да резервирате час потребно е да се регистрирате во системот.
Со кликнување на било кој од понудените пакети, долу ќе ви се појави следново
За да отворите кориснички профил притиснете на линкот регистрирајте се и ќе ви се отвори следниов прозорец
Треба да одберета ваше корисничко име (на латинично писмо), да впишете ваша е-маил адреса. Притиснете на синото копче „Регистрирај се“ и ќе ја добиете следнава порака
Во сандачето од вашата е-пошта ќе добиете повратна порака од Impakt со линк за поставување на лозинка. За илустрација
Со притискање на линкот за поставување лозинка, ќе ви се отвори следниов прозорец
Следете ги упатствата за креирање силна лозинка, а потоа зачувајте ја. Ќе добиете известување во следнава форма
Сега кога сте веќе регистрирани во системот, може да пристапите кон купување на некои од пакет услугите кои ги нуди ЕК Импакт.