Да, има можност за откажување на веќе закажан час, но тоа е потребно да се направи најдоцна 24 часа пред почетокот на закажаниот термин.
Штом ќе закажете час кај одбраниот едукатор за одбраниот предмет и термин, ќе ви се отвори нов прозорец со повратна порака дека вашата нарачка е примена (како во примерот)
а тоа ќе биде видливо и на вашиот кориснички профил во листата на трансакции.
За да откажете закажан термин, појдете на вашиот кориснички профил во преглед на трансакции.
- Пронајдете го часот којшто сакате да го откажете и во последната колона од записот и притиснете Откажи. При откажувањето на терминот, потребно е да дадете кратко образложение за причината за откажување
- На вашиот е-маил ќе ви пристигне известување насловено како „Барање за откажување термин“, а во исто време и на листата на трансакции ќе забележите дека има промена на статусот (како во примерот)
- Барањето за откажување термин пристигнува и до одбраниот едукатор и до администраторите на вебстраницата.
- Штом се обработи барањето за откажување во комуникација со едукаторот и администраторот, ќе добиете известување на е-маил насловен како „Откажан термин“
- Потврденото барање за откажување час ќе биде видливо и на вашиот преглед на трансакции. Ќе забележите промена во колоната статус од „Барање за откажување“ во „откажано“
- Во исто време ќе забележите дека и статусот на кредити е ажуриран т.е. се при откажување на час се врши рефундација на кредити (часови), не на финансиски средства