Како да отворам кориснички профил?

Доколку сакате да купите некој од пакет услугите што ги нуди ЕК Импакт и да резервирате час потребно е да се регистрирате во системот.

Со кликнување на било кој од понудените пакети, долу ќе ви се појави следново

За да отворите кориснички профил притиснете на линкот регистрирајте се и ќе ви се отвори следниов прозорец

Треба да одберета ваше корисничко име (на латинично писмо), да впишете ваша е-маил адреса. Притиснете на синото копче „Регистрирај се“ и ќе ја добиете следнава порака

Во сандачето од вашата е-пошта ќе добиете повратна порака од Impakt со линк за поставување на лозинка. За илустрација

Со притискање на линкот за поставување лозинка, ќе ви се отвори следниов прозорец

Следете ги упатствата за креирање силна лозинка, а потоа зачувајте ја. Ќе добиете известување во следнава форма

Сега кога сте веќе регистрирани во системот, може да пристапите кон купување на некои од пакет услугите кои ги нуди ЕК Импакт.