Откако имате креирано кориснички профил и се имате најавено во системот можете да купите еден од понудените пакет услуги.
Во моментот кога ќе се решите за одреден пакет притиснете на полето „во кошничка“ и системот автоматски ќе ве однесе во вашата кошничка. Тука имате преглед на одбраниот пакет и на вкупната сума за уплата.
Во исто време во горниот десен агол ќе биде видлива промената (како на сликичката)
Доколку сакате да додадете друг пакет услуги, притиснете на копчето во горниот десен агол „Да продолжите со купување“. Доколку пак сакате да додадете повеќе количини од веќе одбраниот пакет, тогаш кликате на бројот во колоната „количина“, одбирате колку сакате и прискате на копчето „Ажурирај кошничка“.
За да продолжите кон купување, притиснете на синото копче „Наплата“ во долниот десен агол
Ќе ви се отвори нов прозорец каде што ќе треба да внесете ваши податоци потребни да се изврши плаќањето. За да можете да ја потврдите нарачката потребно е да ги пополните полињата кои се означени со *. Автоматски се одбира опцијата Cpay Payment Gateway по што треба да кликнете на синото копче во десниот долен агол
На тој начин вие имате извршено уплата на средства за пакетот услуги за којшто сте се решиле. При тоа ќе добиете повратна порака дека вашата нарачка е примена со детали околу нарачката. Истата порака ќе пристигне и во вашето е-сандаче на адресата со која се имате регистрирано во системот.
По извршената уплата, на вашиот кориснички профил, во горниот десен агол ќе забележите ново поле насловено како „кредити“ . Во ова поле ќе бидат внесени бројот на часови (кредити) кои ги имате купено. За илустрација – ако го имате купено Пакет 1 од понудените услуги, тогаш бројот на кредити т.е. часови ќе биде 1. Ако го купите Пакет 2, тогаш бројот на кредити т.е. часови ќе биде 6 итн.
Со притискање на истото поле добивате увид во состојбата на уплатените средства т.е. на уплатените и искоритените кредити (часови) кои ќе може да ги пребарувате по категорија „Уплатен кредит“ и „Користење на кредит“