Како да закажам час?

Штом ќе отворите кориснички профил и ќе уплатите средства за одбраниот пакет услуги, имате можност за закажување на час кај одбраниот едукатор за бараниот предмет и термин.

За илустрација:

Го одбирате едукаторот Петар Петровски и ви се отвара следниов прозорец

Тука може да видите кои од термините кај одбраниот едукатор се слободни, а кои се веќе закажани (обоени во сиво). 

За да закажете час во посакуваниот термин,  најпрво е потребно да одберете предмет од паѓачкото мени

Штом ќе одберете предмет, кликате на посакуваниот слободен термин и ќе ви отвори нов прозорец

Полето контакт е-маил автоматски е пополнето со маилот со којшто се имате регизтрирано за отворање на кориснички профил. Сепак, во овој момент имате можност да вметнете друга е-маил адреса (пример на вашето дете), преку која едукаторот дополнително ќе испрати линк за одржување на онлајн час.

Во полето подолу напишете информации  за темата на која очекувате да се одвива часот и одделението на детето. Како пример: англиски за петто одделение, тема present perfect. Исто така, доколку е избран онлајн час, овде напишете ја платформата преку која сакате да се одвива часот (MS Teams, ZOOM или друга платформа со која работи одбраниот едукатор). 

Имате и можност за прикачување на прилог (слика, документ во word или pdf) со конкретните задачи / теми за закажаниот час. 

На крај притиснете на синото поле „Потврди резервација“