Што значи час со физичко присуство и како да закажам?

Часовите со физичко присуство ќе се одвиваат во просториите на ЕК Импакт кои се наоќаат во Скопје, со адреса на булевар „Свети Климент Охридски“ број 24, влез 2, стан 1.

За закажување на час со физичко присуство, откако ќе одберете едукатор, предмет и термин, потребно е да кликнете на полето физичко. По кликнувањето, полето од сиво ќе се обои во плаво.

Следен чекор е да кликнете потврди резервација, по што ќе ви пристигне порака на вашата е-маил адреса дека имате поднесено барање за термин за час со физичко присуство и известување „За кратко ќе добиете нов маил со потврда за реализација на бараните термини“.

Во исто време и тимот на ЕК Импакт го добива барањето за резервирање термин за час со физичко присуство и откако ќе изврши проверка за расположливоста на просторот, ќе го потврди барањето и вам ќе ви стигне уште една порака на вашата е-маил адреса.