Онлајн часовите ќе се одвиваат преку достапни дигитални алатки (пр. ZOOM, MS Teams, Google Classroom и др.) за ученици од територијата на цела држава. Согласно достапноста на едукаторите и потребата на учениците, онлајн часовите може да се спроведуваат секој ден од неделата во термини од 8.00 до 20.00 часот.
На страницата „Едукатори“ можете да видите со која од дигиталните алтки едукаторите се во можност да одржуваат онлајн часови.
При резервирање на час, ќе имате можност да комуницирате со едукаторот преку која од понудените дигитални алатки сакате да се одржи онлајн часот.
Полето контакт е-маил автоматски е пополнето со маилот со којшто се имате регизтрирано за отворање на кориснички профил. Сепак, во овој момент имате можност да вметнете друга е-маил адреса (пример на вашето дете), преку која едукаторот дополнително ќе испрати линк за одржување на онлајн час.
Во празното поле подолу напишете информации за темата на која очекувате да се одвива часот, како и за една од понудените дигиталнати алатки преку која да се одржи часот.